ВИДЕО | Кулушевски во 90. минута го спаси Тотенхем од пораз во дербито со Манчестер Сити

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Maнчестер Сити и Тотенхем одиграа одличен натпревар во 14. коло од Премиер лигата кој на крајот заврши без победник 3:3.

Натпреварот беше динамичен од самиот старт, Сон прво ја затресе мрежата на „граѓаните“ за водство од 1:0 уште во шестата минута, но многу брзо потоа ја погоди и сопствентата мрежа за 1:1.

До целосен пресврт Сити стигна со голот на Фил Фоден по половина час игра. Вистинска драма гледавме во завршницата од натпреварот кога прво Ло Селсо донесе изедначување на 2:2 во 69. минута.

Водството за шампионот го врати Џек Грилиш во 81. минута за на крајот бодот за Тотенхем да го обезбеди Дејан Кулушевски во 90. минута.

Манчестер Сити по ова реми останува трет на табелата со 30 бодови, три помалку од Арсенал, додека Тотенхем е петти со 27 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот