Европските берзи во минус

фото: Профимедиа/Берзата во Франкфурт

На европските берзи најважните индекси денеска паднаа во негативна територија, бришејќи ја утринската добивка, затоа што инвеститорите беа разочарани од најановите податоци од еврозоната.

Паневроскиот индекс „Stoxx 600“ околу 13.30 часот беше во минус од 0,35 отсто, при што најмногу паднаа цените на акциите во секторите на потрошувачите на стоки, како храна и безалкохолни пијалоци, за по 0,6 проценти.

Во исто време, лондонски „Ftse“ се намали за 0,35 проценти или на 7.380 бодови, франкфуртски „DAX“ зa 0,15 посто или на 12.408 бодови, a парискиот „CAC“ зa 0,2 проценти или на 5.663 бодови.

Расположението на најважните европски берзи го расипа податокот на „Маркит“ за тоа дека индексот „PMI“ во индустријата во еврозоната во септември забележал пад за 1,3 бода во однос на претходниот месец, намалувајќи се на 45,7 бодови, најниско од октомври 2012. година.

Вредностите пониски од 50 бодови сигнализираат пад на активностите, а според најновиот извештај на „Маркит“, тој во септември е продолжен осми месец по ред. Тоа ги загрижува инвеститорите затоа што укажува на ранливост на производствениот сектор во Европа.

На берзата во Токио, индексот „Nikkei“ денеска порасна за 0,59 проценти или на 21.885 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот