Европската комисија вели дека брзите антигени тестови треба да се користат само кај лица со симптоми

epa08826987 Cypriot medical personnel performs a SARS-CoV-2 Rapid Antigen Test just after collecting a swab in Nicosia, Cyprus, 18 November 2020. A special drive started for random COVID-19 testing throughout the island in an effort to curb a spike in coronavirus cases. EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Европската комисија денеска препорача брзите антигени тестови за откривање на присуство на ковид-19, да се користат главно кај луѓе кои покажуваат симптоми, бидејќи кај асимптоматските лица се помалку сигурни.

Брзите антигени тестови треба да се користат во рок од пет дена од почетокот на симптомите или во рок од седум дена после контакт со лице заболено со ковид-19- се вели во необврзувачките препораки на владите од земјите членки.

-Што се однесува до можноста за употреба на брзи антигени тестови кај асимптоматски лица, треба да се има предвид дека досега има многу ограничени податоци за нивната ефикасност во овој контекст, се вели во препораките.

Комисијата објави упатства за брзите антигени тестови

Пред новиот виртуелен самит на лидерите на ЕУ, што ќе се одржи во четврток навечер, Комисијата издаде упатства за тоа кога е прикладно да се користат брзите антигени тестови и кој би требало да ги спроведува.

Тестирањето ни кажува колкава е скалата на инфекцијата, каде и како се развива. Тоа е клучна алатка за забавување на ширењето на ковид-19- рече комесарот за здравство Стела Киријакидес.

Спасот од пандемијата на ковид-19 не е во вакцините, туку во вакцинацијата, рече комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидeс, на презентацијата на предлогот на Европската комисија (ЕК) за акција од европските земји за обезбедување на вакцина против новата болест.

Таа истакна дека главната цел на ЕУ ќе биде да следи дали вакцината, кога ќе биде одобрена и испорачана, е навистина безбедна. Според неа, се додека нема вакцина, спроведувањето на познатите мерки останува клучно

И Македонија ќе набави брзи антигени тестови

Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот