Европска Унија: Санкциите против Ал Каеда и ИД остануваат на сила и за наредните 12 месеци

Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO /POOL

Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) денеска ги обновија санкциите против терористичките групи Ал Каеда и ИД за дополнителни 12 месеци. Одлуката е донесена во контекст на „тековната закана од тероризам”, соопштија од Советот на ЕУ.

Овие санкции се состојат од забрана за патување во ЕУ и „замрзнување“ на имот на лица и ентитети, како и забрана за располагање со ресурси и фондови од ЕУ за лицата и ентитетите кои се наоѓаат на „црната“ листа.

Моментно пет лица се наведени на списокот на санкции на ЕУ. Првите санкции против Ал Каеда и ИСИС, Европската Унија ги изрече во септември во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот