Европол: Ширум светот уапсени над двеста лица за перење пари

Архива на СП

Ширум светот уапсени се 228 лица и идентификувани илјадници „финансиски мули“ како дел од масовната операција против перење пари, соопшти денеска Европол, агенција за криминалистичко разузнавање на Европската Унија.

Повеќе од 1.000 кривични истраги беа спроведени во операцијата од септември до ноември и „многу од нив сè уште се во тек“, се вели во соопштението на Европол.

-Повеќе од 650 банки, 17 банкарски здруженија и други финансиски институции помогнаа во извештајот за 7.520 измамнички трансакции спроведени од финансиски мули. Ова спречи вкупна загуба од 12,9 милиони евра- соопшти Европол.

Операцијата, покрај Европол (Европска полициска канцеларија), поддржана од Еуроџуст (Европска алијанса за судска соработка) и Европската банкарска федерација (ФБЕ), идентификуваа 3833 „финансиски мули“ и 386 регрути, од кои 228 се уапсени.

„Финансиските мули” често и несакајќи учествуваат во перењето пари со примање и трансфер на нелегално заработени пари, објасни Европол.

Лицата што заработуваат пари од овие „мули“ се особено активни на социјалните мрежи каде ги убедуваат своите жртви „да отворат банкарски сметки под изговор дека преку нив ќе испраќаат или примаат пари“, соопшти Европол.

Операцијата била спроведена во 31 земја, вклучително и Германија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот