Еве како Кремљ тајно ги следи противниците – Хакерите уфрлаат вирус, а потоа Chrome и Firefox стануваат ШПИОНИ

Една од водечките светски компании за интернет безбедност, руската Касперски, открила обид на група на руски хакери да одземат отпечатоци од интернет сообраќај заштитен со ТЛС протокол и тоа до податоците пробале да дојдат, преку измени на популарните интернет пребарувачи Chrome и Firefox.

Членовите на руската хакерска група Турла развиле тројански вирус, кој кога ќе го зарази оперативниот систем на некој компјутер, го менува интернет пребарувачот, така што прво инсталира сертификати за пресретнување ТЛС сообраќајот од изворот.

Потоа, при генерирање на броевите кои го управуваат спојувањето на ТЛС, се прави закрпување. Тоа, меѓутоа, овозможува земање на отпечатоци од секоја ТЛС акција, па со тоа пасивно го следи целиот кодиран сообраќај.

Во компанијата Касперски не успеале да дознаат кој бил мотивот на руските хакери за следење на кодираниот сообраќај, но ако системот се заразил со далечински управуван тројански вирус, тогаш не е потребно да се закрпува интернет пребарувачот за да се шпионира заштитениот сообраќај.

Според пишувањата на сајтот ЗДНет, можеби се работи за „осигурувач“ кој им овозможува на руските хакери да продолжат да го шпионираат кодираниот сообраќај во пребарувачите и откако корисникот ќе го отстрани тројанскиот вирус.

И тоа под услов ако корисникот не е доволно внимателен, па продолжи да го користи модифицираниот пребарувач, наместо да го деинсталира и повторно да го инсталира на компјутерот, по отстранување на тројанскиот вирус.

Инаку, за хакерската група Турла се верува дека работи под Кремљ, како и дека примарните мети на нивните напади се лоцирани во Русија и Белорусија. Турла е многу софистицирана во своето делување, па така, во минатото успеала да ги компромитира источноевропските интернет провајдери, како и да заразат симнување на интернет содржини.

Во тој контекст, ова можеби е еден од обидите на следење на дисидентите и другите политички „мети“ со употреба на методи, кои е прилично тешко да се осуетат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот