Еурофарм Пелистер ќе игра во Лигата на шампионите

фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер е ракометен шампион на Македонија, по победата над Охрид со 25-28 и ремито на Вардар 1961 против Тиквеш во Кавадарци (32-32).

Со тоа битолчани се стекнаа со недостижна предност пред скопските „црвено-црни“ на едно коло до крајот на плеј-офот македонската Суперлига.

Во последното 14 коло составот на Александар Јовиќ следниот викенд ќе го пречека Тиквеш и по завршувањето на тој натпревар ќе го добие шампионскиот пехар.

Воедно од клубот информираа дека следната натпреварувачка сезона 2023/2024 ќе игра во ЕХФ Лигата на шампионите.

Рејтингот на ЕХФ вели дека покрај Македонија директно учество во групите на ЛШ редоследно имаат и шампионите на Шпанија, Германија, Франција, Унгарија, Данска, Полска, Португалија и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот