15 C
Скопје

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Европската унија (ЕУ) денес донесе одлука да воведе санкции за осум службеници на иранските безбедносни сили поради нивната улога во насилното сузбивање на протестите во Иран во ноември 2019 година, објави Европскиот совет.

Одлуката за замрзнување на имотот и забраната за визи за овие службеници ќе стапи на сила веднаш штом ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.

Иранските власти одговорија на тие санкции со прекинување на дијалогот со ЕУ за човековите права и соработката по тоа прашање.

Иранското Министерство за надворешни работи објави дека прекинувањето на соработката се однесува на тероризмот, борбата против трговијата со дрога и бегалците.

Агенцијата Франс прес оцени дека воведувањето на санкцијата доаѓа во чувствителен момент бидејќи ЕУ се обидува да посредува во напорите за заживување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, потпишан во 2015 година.

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар