ЕУ повикува црногорската Влада и СПЦ да го продолжат дијалогот

Ана Писонеро/Фото: МИА

Европската унија ги повика Владата на Црна Гора и Митрополијата Црногорска-приморска на Српската православна црква (СПЦ) да го продолжат дијалогот за спорниот Закон за слобода на вероисповед, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

– ЕУ постојано потсетуваше на важноста на дијалогот и во тој дух го поздравуваме неодамнешното продолжување на преговорите меѓу двете страни. Ги поздравуваме напорите на владата за постигнување компромис. За жал, овие разговори не доведоа до решение. Ги охрабруваме двете страни да продолжат со дијалогот, рече Писонеро за РТЦГ.

Експертски тимови од Владата и Српската православна црква не успеаја да најдат решение за надминување на поделбите во црногорското општество поради контроверзниот закон, за кој Српската православна црква смета дека е насочен кон конфискација на нејзиниот имот, вклучително и цркви и манастири во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот