ЕУ перспективата на Западен Балкан една од темите на состанокот на Советот за надворешна политика во грчкото МНР

Фото: МИА

Во однос на Западен Балкан, ги анализирав нашите иницијативи за промоција на интегративниот тек на државите од Западен Балкан, преку работниот појадок што го организиравме во декември во Брисел, но и преку Самитот на министрите за надворешни работи на балканските земји и државите членки на Европската унија, што ќе се одржи на 24 февруари во Солун, рече Дендиас по завршувањето на состанокот.

Европската перспектива на земјите од регионот и почеток на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, била една од темите за кои станало збор на денешниот состанок на Советот за надворешна политика, што се одржа во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Mинистерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ги информирал претставниците на политичките партии, кои се дел од Парламентот за последните случувања во грчката надворешна политика.

-Во однос на Западен Балкан, ги анализирав нашите иницијативи за промоција на интегративниот тек на државите од Западен Балкан, преку работниот појадок што го организиравме во декември во Брисел, но и преку Самитот на министрите за надворешни работи на балканските земји и државите членки на Европската унија, што ќе се одржи на 24 февруари во Солун, рече Дендиас по завршувањето на состанокот.

-Разговаравме и за темите што се поврзани со Балканот и почетокот на пристапни разговори со двете земји од Западен Балкан, рече пратеникот од Нова демократија, Ангелос Сиригос.

На состанокот што траеше над два часа, акцентот бил ставен на последните случувања во грчко – турските односи, а како што рече Дендиас, објаснил дека Грција е посветена на одржување на отворени канали на комуникација со Турција.

Фактот што одновно ќе започне дијалогот за Мерките за градење доверба со Турција, беше позитивно оценет и од претставниците на СИРИЗА.

Пратеничката од опозициската партија, Сиа Анагностопулу, по состанокот рече дека, за нив, постои големо несогласување во однос на тоа што значи активна и повеќедимензионална надворешна политика.

Коментирајќи го овој став, шефот на грчката дипломатија рече дека тие се подготвени да Ги прифатат советите на соговорениците, бидејќи како што истакна, „во националните прашања не постојат партиски поделби”.

Дендиас, исто така ги известил членовите на советот и за грчкиот одговор до германската влада во врска со барањето на воените репарации и за отплата на окупаторскиот долг.

-Грчкиот одговр до германската страна е дека за Грција прашањето не се смета за завршено, истакна министерот за надворешни работи на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот