ЕУ ја предупредува Русија: Борел пристигна во Украина, следна станица е Донбас

EPA/IVAN BOBERSKYY

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, денеска пристигна во Украина за да ја изрази својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја.

Мојата прва посета во 2022 година е Украина. „Со зголемувањето на руските воени трупи, тука сум да ја изразам поддршката на Унијата за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и поддршката за одржливите реформски напори кои се клучни за издржливоста“, напиша Борел на својот профил на Твитер.

Борел и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба планираат да ја посетат линијата на раздвојување во регионот на Луганск за да ја видат ситуацијата во зоната на конфликтот.

Според руската агенција, Борел и Кулеба ќе разговараат за спречување на наводна руска агресија, особено за воведување остри економски санкции, како и за промовирање мирно решение на конфликтот во Донбас врз основа на принципите на независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот