Естонците не дојдоа со „бело знаме“ во Скопје – Слободен печат
СпортФудбал

Естонците не дојдоа со „бело знаме“ во Скопје

Тренерот на Номе Калју, Кожуховски вели дека Шкендија ја има фаворитската улога, но неговите играчи ќе се обидат да направат изненадување.

Естонскиот фудбалски клуб Номе Калју ја одржаа прес конференцијата на која ги споделија своите очекувања во пресрет на реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Во првите 90 минути македонскиот шампион Шкендија триумфираше „само“ со 1:0, а можеше уште на првиот дуел да ги заврши сите дилеми околу патникот во второто коло каде што чека најверојатно Селтик, вака претпазливоста е и сега присутна.

Стратегот на Номе, Роберт Кожуховски е свесен за квалитетот кој го има тетовскиот клуб, но од друга страна и кај неговите фудбалери постојат надежи дека можат да направат изненадување.

фото: ФК Шкендија

– Наше е да имаме добри перформанси, на реваншот во Скопје сигурен сум дека ќе се покажеме во многу подобро светло. Шкендија ја има фаворитската улога, како што видовте на првиот дуел, станува збор за една напаѓачка екипа. Со сите сили ќе се обидеме да изненадиме – се зборовите на Кожуховски.

Капитенот на естонскиот тим, Максимијалијано Уџе не верува дека повторно така лошо ќе настапат неговите соиграчи како на првиот дуел пред своите гледачи.

– Целта е да одиграме според планираното и да бркаме поволен резултат. Изненадувањата постојат во фудбалот, но знаеме дека ќе биде многу тешко и на возвратната пресметка со Шкендија – вели Уџе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close