Еспер: Кина и Русија ја користат пандемијата за да ги промовираат своите интереси во Европа

epa08337880 US Defense Secretary Mark Esper speaks during the daily briefing on the novel coronavirus, COVID-19, in the Brady Press Briefing Room of the White House, Washington, DC, USA, 01 April 2020. EPA-EFE/Oliver Contreras

Кина и Русија ја користат пандемијата на коронавирус за да ги промовираат своите интереси во Европа, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер, оценувајќи ја кинеската промоција на телекомуникациската опрема на „Хуавеј“ како „злонамерна”.

  • Соединетите Американски Држави се свесни дека некои земји ќе се обидат да ја искористат пандемијата за да инвестираат во клучните индустрии и инфраструктура, со долгорочни безбедносни импликации, рече Еспер за Ла Стампа, одговарајќи на прашањето дали Кина и Русија настојуваат да стекнат влијание во Италија со испраќање помош.

Според американскиот министер за одбрана, „потенцијалните противници речиси сигурно ќе се обидат да ги промовираат своите интереси и да предизвикаат поделби во НАТО и Европа“.

  • „Хуавеј“ и 5Г се важен пример за оваа злонамерна акција на Кина, изјави Еспер.

Како што пренесуваат странските агенции, САД веќе долго време препорачуваат другите земји да го бојкотираат „Хуавеј“, најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот, во градењето нови 5Г мрежи и дека внимателно ја следат опремата на кинеската компанија ЗТЕ.

  • Зависноста од кинеските добавувачи може да предизвика клучните системи да станат ранливи на упад, манипулација и шпионирање. Тоа би претставувало ризик за нашите капацитети за комуникација и размена на разузнавачки информации, истакна американскиот министер за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот