Ешли Бајден, ќерката на Џо Бајден, е подготвена да го освои Вашингтон: „Таа е една застрашувачки јака сила“

Оваа прва ќерка ќе биде изненадување за целиот свет. Знае која е и што е, знае што сака да постигне. Таа е една застрашувачки јака сила. Долго се чувствуваше ранливо и немаше сила да зачекори во центар на случувањата, но ова сега е нејзино време и ќе има многу што да каже. Низ многу работи помина во животот и тоа ѝ дава доза емпатија кон другите. Од неа можете да го очекувате само најдоброто“, порачал упатен извор од Вашингтон, пренесува Дејли мејл.

Џо Бајден и Ешли Бајден ја слават победата на Барак Обама над републиканскиот кандидат Мит Ромни, 6 ноември 2012/Фото:EPA/SHAWN THEW

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари 2021 година ќе ја положи претседателската заклетва, а секако, во тој момент покрај него ќе бидат неговите најблиски – сопругата Џил, со која е во брак 43 години, неговиот 50-годишен син Хантер Бајден, како и неговата ќерка Ешли Бајден, која ќе стане новата американска „прва ќерка“.

Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, која беше активна на сите полиња додека татко ѝ беше претседател, ја популаризираше функцијата „прва ќерка“.

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Со оглед на тоа што Џил Бајден веројатно нема да се откаже од нејзината професија, американските медиуми претпоставуваат дека местото на светската сцена по инаугурацијата ќе го заземе токму 39-годишната Ешли Бајден.

Бајденови пристигнуваат на аеродромот Шарм ел Шеик , 6 јуни 2010/Фото: Profimedia

„Ешли досега не беше во центар на вниманието зашто не беше подготвена за тоа, а не покажуваше ни волја. Кога Џо беше потпретседател за време на мандатот на Барак Обама, имаше некои проблеми и не ги истакнуваше. Но сега ќе си дојде на свое како „прва ќерка“ и таа функција во новата управа ќе биде подеднакво важна како и во минатата. Иванка имаше сопствена канцеларија, патуваше низ светот придружувајќи го татко ѝ, имаше големо влијание на него, а успеа да склучи и некои добри зделки. На некој начин му беше десна рака на татко ѝ. Истото можете да го очекувате и од Ешли“, изјавил за медиумите извор од Вашингтон.

Ешли Бајден, Џо Бајден, Џил Бајден и нивниот зет Хауард Креин, 26 јули 2013/Фото:Profimedia

Ешли е родена во 1981 година. Она што е познато за неа е дека се бори за зачувување на околината, а уште како дете го открила постоењето на козметичкиот бренд Bonne Bell, кој своите производи ги тестирал на животни, па татко ѝ ја охрабрил да им напише писмо и да бара да ја сменат политиката на работењето, поттикнувајќи го така нејзиното интересирање за околината, а посебно за заштита на делфините.

Џил и Ешли Бајден на 88-та церемонија на доделување Оскари во „Долби театарот“ во Холивуд, февруари 2016/Фото: EPA/MIKE NELSON

Еш е зеница во окото на татко ѝ, но имаше многу проблеми, проблеми со зависноста“, открил извор близок на семејството.

Проблемите почнале откако во 1999 година наводно била уапсена поради поседување марихуана, но обвинителната пресуда никаде не била забележена. Потоа во 2002 година повторно била уапсена поради наводно попречување на полициски службеник во извршување на работата.

Мишел Обама со ќерка ѝ Саша (десно), а до нив Џил Бајден, со неидентификувано девојче и нејзината ќерка Ешли, 6 септември 2012 година/Фото:EPA/SHAWN THEW

Седум години подоцна додека татко ѝ беше потпретседател на САД наводно на пазарот на американските таблоиди се појавило видео во кое се чинело како Ешли зема кокаин со црвена цевка. Во тоа време New York Post пишувал дека сопственикот на снимката бара два милиони долари, па снимката не била објавена поради високата цена.

Во 2010 година Ешли го запознала пластичниот хирург Хауард Креин, кој е 14 години постар од неа и со која денес е во среќен брак.

Џо Бајден и Ешли на Меѓународниот аеродром во Пекинг, Кина, 17 август 2011/Фото: EPA/HOW HWEE YOUNG

Се венчале во 2012 година на врвот на една карпа во Калифорнија а до олтарот ја однел нејзиниот татко.

Ешли не крие дека смртта на брат ѝ ја скршила и дека поминувала низ еден навистина тежок период во животот.

Беше мојата сила. Неговиот рак ме фрли на колена. Немав избор освен да тргнам напред и цел да ми бидат моите соништа“, изјавила Ешли во една прилика.

Ешли Бајден/ Фото: EPA/MANNIE GARCIA POOL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот