Ердоган во ненајавена посета на Тунис разговараше за прекин на огнот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска допатува во ненајавена посета на Тунис, каде со својот туниски колега Каис Саид разговараше за можноста за прекин на огнот.

Ердоган изјави дека верува дека Тунис може конструктивно да придонесе за воспоставување стабилност во Либија, пренесува Танјуг.

Посетата на Ердоган се случува во момент кога Турција настојува да постигне договор со медитеранските држави и покрај спорот кој Анкара го има со Грција околу користењето ресурси на дното на морето во близина на Кипар.

Минатиот месец Турција потпиша поморски договор со либиската Влада, по што Атина реагираше дека со тоа се прекршува меѓународното право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот