Ердоган: Турските сили уапсија повеќе од десет роднини на Ал Багдади

EPA-EFE/STR

Турските безбедносни сили задржале повеќе од десет роднини на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека последни уапсени во Азаз, северозападна Сирија беа сестрата на Ал Багдади и нејзините деца и оти се сместени во камп за мигранти. Расмија Авуд е заробена заедно со нејзиниот сопруг, петте деца и еден роднина.

– Ќе видиме каква одлука ќе донесе нашето Министерство за правда… Бројот на задржани роднини на ал Багдади од страна на турските безбедносни сили веќе е двоцифрен, посочи Ердоган.

Тој потенцира дека турските специјални служби веќе задржале дете на Ал Багдади, „чие сродство е докажано преку ДНК анализа”.

Ердоган вчера изјави дека турските безбедносни сили ја уапсиле сопругата на Ал Багдади.

– Америка објави дека Ал Багдади се убил во тунел и веднаш почна медиумска кампања, а јас сега првпат кажувам дека ние ја заробивме неговата сопруга и од тоа не направивме спектакл, истакна вчера Ердоган.

Американските сили ноќта на 27 октомври извршија операција за апсење на ал Багдади во северозападна Сирија. Но лидерот на ИД се самоуби активирајќи експлозив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот