Ердоган се сомнева дека врз Турција е извршен напад со пожарите 

фото МИА

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека властите не ја исклучуваат можноста некој намерно да ги запалил шумите. Ердоган се сомнева дека врз Турција е извршен напад со пожарите кои продолжуваат да беснеат.
Во пожарот веќе загинаа четири лица, а повеќе од 150 се повредени, што доведе и до неколку евакуации во одморалиштата.

Турскиот претседател објави дека е уапсен осомничен за палење шуми во југозападниот дел на земјата. Тој не го откри името или мотивите на осомничениот, но рече дека се сомнева дека лицето е поврзано со пожарот кај градот Милас во провинцијата Мугла.

Наводниот пироман бил приведен во Манавгат, Турција. Полицијата морала да го обезбеди приведениот на кого локалните жители му се заканувале со линч.

Темелно ги истражуваме причините за пожарот. „Ако има такви предавници кои можат да ја запалат својата татковина, ќе се соочат со строга казна – рече Ердоган.

Речиси сите 98 шумски пожари во Турција се локализирани, изјави претходно министерот за земјоделство Бекир Пакдемирли. Десет пожари продолжуваат да горат во регионите Анталија, Ајдин, Муглу и Османије.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот