ЕПСКО ВИДЕО: Додека земјата се тресеше во Албанија, бремените жени заиграа (ВИДЕО)

Принтскрин

Силните земјотреси кои ја погодија Албанија, предивикаа голема паника кај граѓаните кои излегоа низ улиците па дури и ноќта ја поминаа под отворено небо. Но за разлика од големиот број испаничени лица, младите мајки во акушерската болница во главниот албански град „Кочо Глиожени“, не се потресоа толку многу.

Во видео објавено на Фејсбук се гледаат млади мајки кои треба да ги донесот свет своите бебиња, како со помош на медицинскиот персонал го совладуваат стравот на неверојатен начин. Тие заиграа како ништо да не се случува.

По се изгледа тоа е „епската рецепта” како стравот може да се претвори во забава. Овие жени токму вчера родија 15 деца.

Докторката Аника Докле сама го постирала видео на Фејсбук каде се гледаат младите мајки и персоналот како се забавуваат.

“Ние сме тука си третиот земјотрес…Ги охрабруваме младите мајки во еден ваков ден како денешниот”, напишала докторката, пренесуваат албанските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот