ЕП: Италија е пресилен противник за младите македонски одбојкарки

фото: facebook.com/volleyballmkd

Италија е еден од фаворитите за највисок пласман, ќе се бори за медал, па беше очекуван и четвртиот пораз на македонската женска одбојкарска репрезентација во четвротото коло на Европското првенство (У19) кое се одржува во Скопје.

Селекторот Стефан Пауновиќ почна со Мила Ѓоргиевска на позиција техничар, а на примачка дијагонала истрча Ана Јаничиќ, додека Италија промени три одбојкарки од почената линија, но тоа не се одрази на резултатот.

Противничките во СЦ „Борис Трајковски“ беа подобри со 3:0 во сетови 25:13, 25:7, 25:14 и го потврдија првото место во групата „1“, како и пласманот во полуфиналето на континенталниот собир.

Силата на Италијанките не ни дозволи да организираме чисти напади, па имавме малку поени од овој елемент. Добрина Хаџи Тосева освои четири, а по три заработија Ана Јаничиќ, Мери Бошковска и Ива Стојкоска.

Во последното петто коло на шампионатот нашата селекција ќе игра против Полска, која како и Италија ќе биде полуфиналист од нашата група. Од другата група, на првите две позиции се Србија и Холандија, кои денеска во директен дул ќе решаваат за првото место, а со тоа и за формирање на полуфиналните двојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот