ЕП дивизија „Б“: Јуниорите имаа и „плус 17“, на крајот загубија од Австрија

фото: kfsm.mk

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација загуби и во својот втор натпрева на Европското првенство дивизија „Б“ кое се одржува во Матошинос, Португалија.

Нашите јуниори во текот на втората четвртина имаа и предност од „плус 17“ разлика (36:19), но и тоа не беше доволно на крајот да се оствари првиот триумф.

Австрија успеа да направи пресврт и да дојде до победата славејќи со 77:74. Австрија стигна и до третата победа во групата „А“, а на нашите јуниори им остана само теоријата за пласман во четвртфиналето, иако и таа не е голема.

Најефикасен против Австријците беше Андреј Шошкиќ со 27 поени, додаде и 10 скока и девет асистенции.

Понеделник е слободен ден за македонските кошаркари, а во вторник нов противник ќе има биде Исланд.

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023:

ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Норвешка – Исланд 74:79
МАКЕДОНИЈА – Австрија 74:77
Велика Британија – слободна

ТАБЕЛА

1.Австрија 3 3 0 256:210 6 бодови
2.Велика Британија 2 2 0 161:136 4
3.Исланд 3 1 2 219:233 4
4.Норвешка 2 0 2 138:176 2
5.МАКЕДОНИЈА 2 0 2 142:161 2

ИДНО КОЛО (25 ЈУЛИ)

16.30 часот: Велика Британија – Австрија
19.00 часот: МАКЕДОНИЈА – Исланд
Норвешка – слободна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот