ЕП Дивизија „Б“: Хрватска ги казни сите грешки на македонските кошаркарки

Македонија загуби во борбата за седмото место на ЕП против Норвешка/Фото: kfsm.mk

Многу празни минути, проблеми со реализацијата во нападот ја чинеа женската селекција на Македонија („Под 20 години“) пораз во второто коло од групата „Ц“. Сите наши слабости ги казни до вечерва сериозно анемичниот состав на Хрватска (два порази по ред), кој ја впиша првата победа на првенството во Скопје.

Не ја повторивме играта од стартот на првенството кога го победивме Косово, а од Хрватска знаеја да го искористат тоа и да победат (64:46).

Многу тешко реализиравме во првиот дел од вториот период, а хрватската селекција го искористи тоа максимално. И доволно да направи и двоцифрена предност (26:16) како што беше резултатот во 16 минута. Агилната Димитријевиќ ја прекина серијата на гостинките. За вовед во наша серија на поени, која нè донесе до „минус два“, (24:26). Положувањето на Димитријевиќ (нејзин осми) беше доволен за сличен скор на истекот на 20.минути, (28:26) за Хрватска.

Полувреме во кое се изедначивме со противникот според бројот на загубени топки – по девет на двете страни, и останавме дефицитарни во скокот. Слично се одвиваа настаните и во второто полувреме. Повторно влеговме во проблеми со реализацијата и одново Хрватска се одвои на висока позитива. Сега од девет поени (37:28), за седум минути постигнавме само два поени (Тасевска).

Селцова беше кошаркарката која го прекина нашиот поентерски пост, за (31:37). Но, за кратко, затоа што хрватските кошаркарки продолжија со ефикасната игра која им донесе и вишок од 12 поени (44:32). Така беше и на истекот на третата четвртина (47:35).

Фото: kfsm.mk

Видливо беше отсуството на Николиќ (стомачни тегоби) на двете страни на теренот во второто полувреме (претходно, поради повреда, останавме и без Цветковска). А добриот шут, особено за три поени, ја донесе Хрватска до уште повисоки (50:37). И до целта, првата победа на првенството.

Кај стрелците во македонската репрезентација Селцоца беше најефикасна со 12 поени, а на спротивната страна 22 поени беа дело на Стрилиќ. Во вторник навечер, исто така од 18.45 часот, повторно во салата на СРЦ „Кале“, нашата женска селекција игра против Црна Гора која засега има максимален ефект во групата „Ц“ на Европското првенство, Дивизија „Б“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот