ЕП: Дали сонот ќе стане реалност – Македонија против Црна Гора брка историско осминафинале

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската одбојкарска сениорска репрезентација денеска од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје против Црна Гора ќе го игра својот втор натпревар на Европското првенство.

Повеќе информации околу билетите за натпреварите на ЕП во продажните места на МКТикетс.

Во рамките од групата „Ц“ избраниците на селекторот Јошко Миленкоски на стартот остварија важен триумф над Данска (3:1).

Данците се веќе минато, сите мисли на нашите најдобри одбојкари се насочени кон Црна Гора која според најавите треба да биде најдобра шанса да се оствари целта, а тоа е пласман во осминафиналето, влез меѓу најдобрите 16 одбојкарски репрезентации во Европа, што ќе биде наш најдобар успех на континенталните собири.

Никогаш не е лесно, но македонските одбојкари покажаа дека е знаат како и кога е најтешко. Дали сонот полека станува реалност ќе видиме по завршувањето на утрешниот меч, а се повикуваат навивачите да дојдат во што поголем број во СЦ „Борис Трајковски“ да ја дадат потребната поддршка од трибините.

– Беше многу тежок натпревар против Данска, за мене повеќе психички отколку физички. Но, со помош на публиката, со емоциите, со атмосферата што ја имавме на тој меч успеавме да победиме и да славиме со 3:1. Одигравме многу добро, сите како екипа, бевме подготвени, ја сакавме победата. Следува одмор, нѐ очекува дуелот со Црна Гора, кој според мене е уште поважен од првиот натпревар. Да влеземе уште помотивирано, со „ладни“ глави, смирено и сконцентрирано, и да си ја завршиме работата и да ни се оствари сонот со влезот меѓу најдобрите 16 репрезентации во Европа – вели македонскиот репрезентативец Александар Љафтов.

Евроволеј 2023, Никола Ѓоргиев: Ова е само почеток, горд сум што почнавме триумфално

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот