Емилија Спасовска Мојсовска: Четири комбинации за појадок што ќе ви дадат енергија, а нема да ја загрозат вашата телесна тежина

Фото; Приватна архива/Flickr

Емилија Спасовска Мојсовска е магистер по нутриционизам, која се грижи за здравјето и изгледот на голем број луѓе во земјава и во светот, и преку советите за здравата исхрана што им ги дава на своите клиенти, како и со програмите на исхрана им помогнала на голем број лица да ја подобрат сопствената здравствена состојба и изгледот. Емилија воедно е и успешен менаџер и сопственик на „Нутри Ем“ компанија за услуги и советување во областа на нутриционизмот, здрав начин на исхрана и здрави навики, чија мисија е преку индивидуален пристап и изработка на персонални програми на исхрана да воспостави здрав животен стил и здрави навики, а со тоа да ја постигнат и посакуваната цел во однос на превенција, подобрување на здравствената состојба и третман кај хронично незаразни болести како и достигнување и одржување на идеална телесна тежина кај лица од сите возрасти. Истовремено и да се подигне колективната свест за придобивките од здравиот начин на исхрана и примена на здрави навики и здрава исхрана во секојдневното живеење.

Придобивките од правилната исхрана можат да бидат повеќекратни: зајакнување на имунитетот, заштита на организмот од болести, соодветна телесна маса, намален ризик од кардиоваскуларни заболувања, подобар сон и полесно будење наутро, психолошка стабилност, физичка подготвеност, подобра подвижност, намалени отоци и болки во зглобовите, плодност, подолг живот и низа други придобивки.
Емилија истакнува дека утринскиот појадок треба да биде да биде најважниот оброк во денот. Во утринските часови телото има најголема потреба од енергија и надополнување на резервите со тоа што важно е да внесеме нутритивно квалитетна храна која на правилен начин ќе го одржи организмот витален и здрав.

Содржината на витамини, минерали, протеини, јаглехидрати, антиоксиданти треба да бидат составен дел не само за утринскиот појадок туку и во текот на целиот ден.

Многу често луѓето се прашуваат што е корисно за појадок, да биде лесно и брзо за подготовка, а сепак да биде здрав оброк и да не ја наруши витата линија.

Постојат многу комбинации што може да бидат предлог за појадок, а Емилија споделува неколку здрави и вкусни комбинации кои ќе ви дадат енергија, а сепак, нема да ја загрозат вашата телесна тежина.

1. Протеинско смути

Состојки:

– 1 банана
– 3 до 5 јајца од потполошка
– 1 лажица какао
– 1 лажица рогач
– 1 лажица мед
– авокадо
– 80 грама црвени, шумски плодови (вишни, цреши, рибизли)

Фото: Pexels

Подготовка:

Сите состојки се блендираат и добивате совршено здраво смути во чиј вкус ќе уживате, а вашиот организам ќе го снабди со екстра енергија.

2. Овесна каша со ленено семе, урми и бадеми
Состојки:

– 4 супени лажици овес во зрно
– 150 милилитри млеко
– 1 лажица ленено семе
– 4 – 5 суви урми
– 2 супени лажица бадеми, малку маџун или мед

Фото: Pexels

Подготовка:

Во млекото додајте овес и ленено семе, оставете 10 минути да отстои, потоа додајте ги урмите и бадемите и може да ја консумирате кашата.

3. Кисело млеко со семиња
Состојки:

– 200 милилитри кисело млеко
– по 2 супени лажици семки од тиква и сончоглед
– 1 супена лажица мелено ленено семе

Подготовка:

Сите состојки додајте ги во киселото млеко, измешајте, оставете малку да отстои и уживајте во вкусниот оброк.

4. Пудинг од чија семе

Состојки:

– 200 милилитри оризово млеко, бадемово или млеко од индиски ореви
– 3 супени лажици чија семе
– 1 мала лажица мед

Фото: Flickr

Подготовка:

Состојките додајте ги во млекото, измешајте, оставете малку да отстои и уживајте во вкусниот оброк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот