Елмас за „Марка“: Лука Модриќ е број 1 за сите нас Балканците

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Елиф Елмас (24), играчот од средниот ред на Лајпциг и на македонската А репрезентација, го најави вечерашниот прв осминафинален натпревар во фудбалската Лига на шампионите против Реал Мадрид потклекнувајќи се пред легендата на ривалот која е 14 години постара.

Нашиот фудбалски „дијамант“ во интервјуто за шпанската „Марка“ откри кој е неговиот омилен играч од редовите на „кралскиот“ клуб.

– Слушајте, јас сум од Балканот и може да има само еден избор, а тоа е од срце – Лука Модриќ. Сè што постигна со Реал и Хрватска е неверојатно. Ја освои Златната топка. Не го велам тоа дека Реал нема многу големи играчи, но мојот фаворит е Лука. Знаете, тој е многу посебен за сите нас Балканците. За мене тој е број 1 за целото подрачје каде што беше Југославија. Секако дека имам негов дрес – вели Елмас.

Елмас дојде во Лајпциг од Наполи во зимскиот преоден рок и како што информираа германските медиуми со надомест од 23 милиони евра.

Денеска од 21.00 часот ќе се игра првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ во Германија помеѓу Лајпциг и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот