Екстрадиција на Бошњак од САД поради силување на Србинка

Поранешен воен полицаец од Босна и Херцеговина, кој живее во САД, се соочува со екстрадиција во матичната земја, каде е обвинет за силување на бремена Србинка.

Таа беше заробена во 1992, пренесе Асојшед пресс.

Адем Костјереваќ, кој има 58 години и живее во америчката сојузна држава Мисури, утре треба да се јави на сослушување во сојузниот суд во Сент Луис за барањето за екстрадиција испратено од БиХ.

Барањето за екстрадиција е поднесено на 14 август, а тој беше уапсен на 23 август.

Во барањето се наведува дека Костјереваќ силувал жена, откако била уапсена од бошњачката војска што го опколила нејзиното село на 17 септември 1992 година, за време на војната во поранешна Југославија.

„Жената, која пред војната била соседка на обвинетиот Костјеревач, кажа дека подоцна тој ја силувал неколку пати“, се наведува во барањето.

Таа додаде дека поради силувањето го изгубила бебето, а во февруари 1993 година тежела 37 килограми.

Таа сведочеше во 2005 година пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна Југославија.

„Во 2014 година, Костјеревац на агентите на ФБИ во Сент Луис им кажал дека жената, која била негов сосед и сопруга на поранешен другар од училиште, била заробено, но не ја силувал, туку ја хранел и ја штител кога другите сакале да ја убијат“.

Костјереваќ во САД дошол со својата сопруга и има пет деца, бил обвинет во БиХ во 2015 година.

Според судските документи, тој страдал од посттрауматски синдром, проблеми со меморијата, дијабетес, висок крвен притисок и имал срцев удар.

Тој изјави дека поради здравствените проблеми, не се пријавил доброволно пред судот во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот