Експертите откриваат: Секс-играчки со вештачка интелигенција би можеле да „одговорат“ на оргазмите кај човекот

Фото: Pexels/ cottonbro studio

Експертите од компанијата „Лавхани“ веруваат дека секс-играчките базирани на вештачка интелигенција ќе станат голем хит оваа година. Тие се убедени дека новата технологија може да „препознае и реагира на оргазмот кај човекот“, пишува „Дејли стар“.

Минатата година беше време на воведување на вештачката интелигенција во нашите животи, а сега дојде време таа да се појавува насекаде, па дури и во сексуалниот живот.

„Алгоритмите за вештачка интелигенција може да се користат за создавање персонализирани искуства кои се прилагодуваат на индивидуалните преференции, а предвидуваме дека технологијата ќе се примени на неколку делови од индустријата за сексуално искуство. Има толку многу потенцијал за прилагодување со помош на вештачка интелигенција. Ни овозможува да ги интерпретираме податоците и да создаваме индивидуални одговори врз основа на повратни информации од сензорите, како што се температурата на телото и пулсот, за да одговараат на потребите на корисникот“, велат од „Лавхани“.

На пример, новите сексуални играчки би можеле да препознаат дали личноста доживува оргазам и да научат од однесувањето на личноста да го регулираат интензитетот и слични опции. Покрај секс играчките, експрертот Фабијан исто така вели дека компанијата работи на користење на вештачка интелигенција на „неколку проекти“ за подобрување на сексуалниот живот на луѓето воопшто.

„Истражуваме начини да користиме вештачка интелигенција за персонализирани препораки за производи, индивидуализирано задоволство и едукативни четботови за да зборуваме за сексуалноста – сето тоа помага да се поттикнат поединците да истражуваат и да се разберат на нови начини“,вели тој.

Идејата за четбот може да им помогне на оние кои можеби немаат со кого да разговараат за сексот и сексуалноста. Дополнително, оние со анксиозност може да се чувствуваат поудобно да му поставуваат прашања на четботот за сексот.

Сепак, и покрај напредокот во вештачката интелигенција, компанијата ја нагласи важноста на секс-технолошките компании „да се осигураат дека технологијата ја надополнува, наместо да ја засени, човечката страна на интимноста“.

Минатата година тие тврдеа дека секс роботите кои користат вештачка интелигенција наскоро ќе се користат за да им го дадат на луѓето „најдобриот секс во нивниот живот“. Многу модели, исто така, создаваат верзии на вештачка интелигенција за себе, така што обожавателите можат „виртуелно да имаат секс со нив“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот