Експерти: Пиротехниката и амониум нитратот беа причината за големата експлозија во Бејрут

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE/IBRAHIM DIRANI/DAR AL MUSSAWIR

Меѓународни експерти врз основа на видео-снимки и последиците укажуваат дека пиротехниката и амониум нитратот ја предизвикаа вчерашната голема експлозија во главниот град на Либан, Бејрут.

Но, амониум нитратот, хемиско соединение што се користи како вештачко ѓубриво, но и како компонента на експлозивот, вообичаено не се активира само од себе, а според експертите најверојатно се запалило од пожарот предизвикан во соседниот магацин со пиротехника.

На видео-снимките во првите моменти од катастрофата се гледааат искри, светлина и чад, што укажува на активирање на пиротехничките средства.

Експертите можат да ја проценат силата на експлозијата мереќи го кратерот што остана по експлозијата.

Судејќи поради големината на кратерот и обемот на штета ширум Бејрут, интензитетот на експлозијата е еквивалент на детонација на околу 2,2 килотони експлозив ТНТ.

Но, се уште не познато што го предизвика пожарот. Пред експлозијата во Бејрут беше сончево, со вообичаена температура од 30 степени Целзиусови.

Либанскиот министер за внатрешни работи Мухамед Фахми во својата изјава за локалните медиуми не спомна запалена пиротехника, но истакна дека експлозијата е предизвикана со детонација на повеќе од 2.700 амониум нитрат, складиран во пристаништето откако беше конфискуван од товарен брод во 2014 година.

Разорувањето предузвикано од експлозијата потсетува на експлозиите на амониум нитрат во бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 и на бродот Тексас Сити во 1947 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот