ЕКСКЛУЗИВНО: Ракометарот Столе Стоилов ќе стане татко!

instagram

Се обидовме да стапиме во контакт со познатиот ракометар за да ни ја потврди оваа информација, меѓутоа досега не добивме никаков одговор.

Еден од нашите најдобри ракометари – Столе Стоилов, наскоро ќе игра на уште една многу важна позиција во својот живот, за која воопшто не се сомневаме дека ќе биде одличен.

Столе Стоилов наскоро ќе стане татко.

Да, добро читате. Нашиот најдобар пикер за многу скоро ќе се оствари и во таа нова улога. Неговата избраничка, која досега не ѝ е позната на јавноста, се вика Деница и е од Скопје.

За нивната љубов знаат само најблиските,  а она што ѝ е познато на редакцијата на Еспресо.мк, Деница е по професија уметник.

Се обидовме да стапиме во контакт со познатиот ракометар за да ни ја потврди оваа информација, меѓутоа досега не добивме никаков одговор.

Познато е дека Столе никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот, но работата на естрадните новинари е секогаш да ја информираат јавноста и за приватниот живот на познатите личности…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот