Егоров доби шанса да се бори за бронза на Медитеранските игри

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Македонското борење има можност да се закити со уште еден медал на Медитеранските игри во Оран.

Првиот медал во алжирскиот град нашата земја го освои токму преку борењето, Магомедгаџи Нуров обезбеди финале во категоријата до 97 килограми.

Владимир Егоров во категоријата до 65 кг. има шанса да освои бронза, противник во вторник (17.20 часот по наше време) ќе му биде Алжирецот Абделхак Хербаче.

Егоров беше слободен во осминафиналето, потоа во четвртфиналето загуби од Египќанецот Јехија Хафез (5:5, пораз на поени 1:3).

Хафез подоцна стигна до финалето, по што Егоров доби репасаж во кој немаше противник, па директно обезбеди место во борбата за бронзата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот