Прв медал за Македонија, борачот Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

Магомедгаџи Нуров со четири победи до финале на турнирот во борење во Оран, Алжир/Фото: Македонски Олимписки комитет

Одличен ден има Магомедгаџи Нуров кој денеска запиша четири победи на турнирот во борење на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Македонскиот борач во полуфиналето со 6:1 во категоријата до 97 килограми триумфираше против натпреварот од Египет, Мостафа Елдерс.

Претходно на патот до полуфиналната борба Нуров триумфираше со 13:2 против Мохамед Саадауи од Тунис.

Потоа, со 10:0 славеше над Алжирецот Мохамед Фардж, а со истиот резултат го совлада и Алехандро Канада Панкорбо.

Ова е прв медал за нашата земја на овие Медитерански игри. Нуров во финалето во вторник (28 јуни) ќе се бори против Турчинот Фејзулах Актурк кој со 10:2 во втората полуфинална борба го совлада Мохамед Саадауи од Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот