Едно лице загина во сообраќајката на булеварот „Киро Глигоров”

Фото: „Слободен печат“

Едно лице загина во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров”. Друго лице, пак, е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски”.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто” со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје. Тие додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста” со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје. Тој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.

На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски”.

Возилото „форд фиеста” е пронајдено на бул „АСНОМ”. Извршен е увид и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот