Една од „поскапите“ фотки: Средбата на Шварценегер и Џеки Чен го запали интернетот (ФОТО)

За само еден ден собраа повеќе од милион лајкови и море од коментари на Инстаграм.

Арнолд Шварценегер ги запали социјалните мрежи со само еден потег, односно откако на Инстаграм објави заедничка фотографија со легендарниот колега Џеки Чен.

Судејќи според насмевките на фотографијата, нивната средба беше повеќе од срдечна, за што сведочи и коментарот кој популарниот Шварци го објави на својот профил.

Фантастично е што наидов на својот стар другар и херој Џеки Чек кога се вратив од светската турнеја за филмот „Terminator: Dark Fate“. Легенда и инспирација, напиша Шварценегер во описот на фотографијата на Инстаграм.

Фотографијата за само еден ден собра повеќе од милион лајкови и море од коментари.

Истата фотографија ја објави и Џеки Чен, со сличен коментар.

Многу сум среќен што наидов на својот стар пријател и легенда Арнолд Шварценегер, напиша Чен.

Инаку, Арнолд Шварценегер и Џеки Чен заедно глумеа во филмот „Пат околу светот за 80 дена“ од 2004 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот