Едмонд Адеми на погребот на Ширак: Тој беше силен поддржувач на нашиот пат кон евроатлантските и европските аспирации (ФОТО)

Денеска е погребан поранешниот француски претседател Жак Ширак. На погребот на  екс претседателот на Франција присутна беше и делегација од Македонија предводена од министерот Едмонд Адеми.

„Меѓу светските лидери денеска, кога му се дава последното збогување на човекот кој на политиката му го даде примерот на вистински светски лидер. Комеморативна церемонија по повод смртта на поранешниот француски претседател Жак Ширак, денеска го привлече вниманието на целиот спектар на меѓународната политика.

Како поддржувач на човекови вредности, правда и еднаквост, Ширак за многу долго време ќе биде во сеќавањата, не само на Французите туку, и на целиот свет.

Република Северна Македонија ќе го памети како промотор на политичкиот дијалог.

Претседателот Ширак, како никој друг претходно, ги признаваше добрите политики на нашата република и беше силен поддржувач на нашиот пат кон евроатлантските и европските аспирации. Како претседател на Франција во 2005 година силно се залагаше да бидеме земја кандидат за членство во ЕУ.

Денеска се простуваме од него, но тој ќе остане жив во неговите дела и пораки., напиша Едмонд Адеми на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот