Еден тешко повреден во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

сообраќајка
Илустрација

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Вчера во 11.10 часот било пријавено дека на магистрален пат Охрид – Кичево Е.А.(41) од село Лабуништа, струшко, управувајќи возило „БМВ“ изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата, со тешки повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот С.Н.(30) од Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот