Се самоуби ѕвездата на „Power Rangers“
Актерот Џејсон Дејвид Френк е пронајден мртов во својот дом во Тексас.
Актерот и мајсторот на боречките вештини Џејсон Дејвид Френк се самоубил на 49-годишна возраст, објави американскиот портал ТМЗ.
View this post on Instagram
Светската слава ја стекна во раните 90-ти кога прифати улога во спектаклот наменет за најмладите – „Моќните ренџерси“ (Power Rangers). Се појави во 123 епизоди, а на самиот почеток го паметиме како зелениот ренџер кој беше злобен, а потоа ја смени својата филозофија и принципи и им се придружи на група добри момчиња.
View this post on Instagram
Така, набргу по почетокот на емитувањето, тој стана лидер на „Power Rangers“ и ја промени бојата во бела.
Иако немал среќа да се етаблира во холивудската А продукција и да се наметне како ѕвезда, генерациите го запаметија како еден од омилените ликови во своето детство.
Френк ја повтори својата улога како Томи во неколку адаптации на „Power Rangers“ – вклучувајќи ги „Wild Force“, „Turbo“, „Zeo“, „Dino Thunder“, „Megaforce“, „Ninja Steel“, „HyperForce“ и други. Тој беше црвен ренџер, црн ренџер и повторно зелен ренџер. Тој беше саканиот Моќен ренџер, поради што постојано се враќаше во франшизата.
View this post on Instagram
Сѐ уште не се познати причините поради кои Џејсон, татко на четири деца, решил да си го одземе животот.
„Ве молиме почитувајте ја приватноста на неговото семејство и пријателите во овој ужасен период кога се помируваме со загубата на толку прекрасно човечко суштество. Тој многу го сакаше своето семејство, пријателите и обожавателите. Навистина ќе ни недостига“, изјавила неговата претставничка за медиумите.