Винисиус Жуниор и Вирџинија Фонсека / Фото: Инстаграм

Ѕвезда на „Реал Мадрид“ јавно ја моли партнерката за прошка: Ѝ испраќал експлицитни снимки на манекенка

Фудбалерот на „Реал Мадрид“, Винисиус Жуниор, кој моментално се наоѓа на подготовки со бразилската репрезентација, се огласи преку Инстаграм и јавно ѝ се извини на познатата инфлуенсерка и телевизиска водителка Вирџинија Фонсека, со која бил во своевидна емотивна врска.

Фонсека, поранешна сопруга на бразилскиот пејач Зе Фелипе, во последно време престојувала во Мадрид и дури присуствувала на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ за да му даде поддршка на Винисиус на натпреварот против „Виљареал“.

Сепак, нивното дружење не прераснало во нешто повеќе. Според бразилските медиуми, причина за разделбата биле наводно експлицитни пораки кои фудбалерот ѝ ги испраќал на манекенката Ана Силви. Во нив тој барал да му прати снимки со експлицитна содржина, а и самиот ѝ испраќал такви видеа, што ја навредило Фонсека.


Откако скандалот привлече големо внимание во светската јавност, Винисиус реши да се огласи со јавна изјава.

„Сите поминуваме низ моменти кои нè тераат да размислуваме и да растеме. Недамна доживеав ситуација која ми покажа дека имав постапки што не ја претставуваат личноста каква што сакам да бидам, ниту видот на врска што сакам да ја градам. Вирџинија е неверојатна жена, прекрасна мајка и личност кон која чувствувам огромна почит и наклонетост. Иако не бевме официјално пар, постоеше искрена поврзаност. Не се срамам да признаам дека бев невнимателен, дека не реагирав на најдобар начин и дека ја разочарав“, напиша Винисиус, додавајќи дека сака нов почеток, без лаги и маски.

„Затоа сакам јавно да ѝ се извинам, искрено и од срце. Сфатив дека вистинска врска може да постои само со почит, доверба и транспарентност. Моја желба е да започнеме одново – без лаги, без расправии, без маски, туку со многу љубов, внимание и почит“, напиша фудбалерот.

Фото: Инстаграм/Винисиус Жуниор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот