Џонсон им се обрати на талибанците: Битни се делата, не зборовите

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека тој ќе им суди на талибанците според нивните дела, а не според нивните зборови, откако тие се обидуваат да го убедат светот дека нема да бараат одмазда по окупирањето на Авганистан, пренесува Скај њуз.

Џонсон се обрати пред британскиот парламент во расправијата за состојбата во Авганистан. Британскиот премиер го негираше враќањето на британските воени акции во таа земја и ги повика Обединетите нации да бидат лидери во хуманитарните напори.

Талибанците неколку пати велеа дека тие сакаат мир, дека нема да бараат одмазда од поранешните непријатели и дека ќе ги почитуваат правата на жените. Но, процесот на убедување на светот не им оди најдобро.

„Во ваков режим ние ќе им судиме на изборите кои тие ги носат, најпрвин на нивните дела, а не на зборовите, нивните ставови кон тероризмот, криминалот и дрогата, како и хуманитарниот пристап и правата на образование за девојчињата“ изјави Џонсон.

Британија објави дека ќе прими 5 илјади Авганистанци, а приоритет ќе бидат жените, девојчињата, верските и други малцинства.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот