Џенан Лончаревиќ доживеал сообраќајка: Пејачот се огласи за неговата состојба

Фото: Фејсбук

Српскиот пејач Џенан Лончаревиќ вчера доживеал сообраќајна несреќа на автопат во Црна Гора, близу местото Мрки Крш.

Како што соопштила полицијата за црногорскиот портал „Кафе дел Монтенегро“, дошло до превртување на возилото со кое управувал пејачот.

„Возилото со кое управувал се превртело во околу 14 часот, на автопатот во близина на местото Мрки Крш“, се вели во соопштението на полицијата.

Како што објавија „Кафе дел Монтенегро“, Лончаревиќ бил сам во автомобилот и не бил повреден при сообраќајката.

Во изјава за „Телеграф“, Лончаревиќ ја потврдил информацијата дека е во добра здравствена состојба.

„Ви благодарам на прашањето, добро сум. Сè е во ред, жив сум и здрав“, изјавил пејачот за порталот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот