Џафери го задолжи МВР за прецизни информации, на колкумина им се истечени документите во последните девет месеци

Министерството за внатрешни работи до следниот вторник, односно до идната седница на Владата треба да даде прецизни информации, на колку од 100-те илјади граѓани личните документи им се истечени во последните девет месеци, со цел тие да можат да си го остварат гласачкото право, согласно измените во Изборниот законик кои неодамна беа усвоени од Парламентот.

„Владата ја разгледа Информацијата во однос на Извештајот на МВР што се однесува на околу 100.000 лица со истечени документи, доставен на барање на техничкиот премиер, а со цел да се разгледа можноста околу реализација на нивното гласачко право на претстојните претседателски и парламентарни избори. Владата донесе заклучок, МВР, до следната седница на Владата да достави прецизни информации на колкумина од овие лица им се веќе истечени или ќе им истечат личните документи во периодот од девет месеци до денот на изборите на 24 април 2024 година, односно до денот на изборите на 8 мај 2024 година“ – информираа од владината прес-служба.

Заклучокот, како што посочи техничкиот премиер Џафери, произлегува од последните измени и дополнувања на Изборниот законик, во делот на преодни и завршни одредби, членот 38, каде што е дадена можноста во 2024 година овие лица да може да се внесат во избирачки список.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот