Движењето БЕСА ќе одржи конгрес на 5 март

Движењето БЕСА ќе го одржи вториот конгрес на 5-ти март годинава/ Фото: МИА

Движењето БЕСА ќе го одржи вториот конгрес на 5-ти март годинава, одлучи на денешната седница Централното собрание на БЕСА.

Избрана е и комисијата за организирање на конгресот во состав од Абдуш Демири, Аднан Азизи и Арјанит Хоџа, соопштија од партијата.

На Централното собрание се расправало за извештајот на Централниот штаб за Локалните избори 2021 година, на кој, како што наведуваат, Движењето БЕСА како политички субјект успеа да победи во две општини и да собере околу 26.000 гласови, со што ги исполни целите поставени од Изборниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот