Двајца осуденици се обиделе да силуваат 19-годишно момче во ќелија

Двајца осуденици се обиделе да силуваат 19-годишно момче во ќелија кое издржувало казна затвор во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

-На 15.09.2020 во 10.45 часот во СВР Охрид, вработен во Казнено поправната установа -Затвор Охрид, заедно со 19-годишник од Струмица, кој издржува казна во затворот, пријавиле дека на 09.09.2020 околу 03.00 часот, во собата на 19-годишникот насилно влегле осудениците Ч. и С. и се обиделе да извршат обљуба врз него- наведува МВР во дневниот билтен.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот