Двајца Американци им донесоа корона – први случаи на инфекции таму кадешто воопшто ги немаше

Маршаловите острови, едно од ретките последни места во светот недопрени од короната, забележаа два позитивни случаи на коронавирус, објави Би Би Си.

Владата на овој пацифички архипелаг објави дека двајца работници од САД се позитивни на коронавирус откако пристигнале од Хаваи во вторникот.

Двојката допатувала со воен лет и од моментот на сознанието дека се ковид позитивни сместени се во карантин. Двајцата се асимптоматски случаи.

Маршаловите острови ги затворија границите уште во март за да го спречат продорот на коронавирусот. Властите нагласија дека заразената двојка спаѓа во „строго ограничени случаи“, а 35-годишната жена и 46-годишниот маж веднаш се изолирани за да се спречи натамошното ширење на вирусот во заедницата.

Властите додаваат дека се преземени сите безбедносните мерки тие двајца да немаат контакти со заедницата на Маршаловите острови.

Повеќето островски држави во Пацификот ги затворија своите граници во раните денови од пандемијата поради загриженост дека нивните болнички системи не ги издржале големо и нагло ширење на вирусот.

Во јуни, Маршаловите острови ги попуштија рестрикции и им дозволија престој на повеќето работници од американската војска, но со услов изолација од три недели во воената база Квајлејн која инаку се користи за тестирање на воено оружје.

Кирибати, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Тонга, Тувалу и Нанату наводно се уште се без забележан случај на корона од почетокот на пандемијата.

Локалните власти ги повикаа луѓето да „останат будни“ и да продолжат со основните мерки на претпазливост, но рекоа дека не се потребни мерки за затворање.

„Компаниите и владините операции ќе продолжат да работат нормално до ново известување“, се вели во соопштението на владата.

Иако владата истакна дека нема потреба за паника, тие побараа од граѓаните „да продолжат да бидат подготвени“ со залихи за две до четири недели од храна и лекови.

Со население од 55.000 жители, Маршалските острови се состојат од два синџири корални атоли, заедно со повеќе од 1.000 островчиња, северно од екваторот во Тихиот океан.

Тие се самоуправна држава, но САД ја контролираат нивната безбедност и одбраната и им обезбедуваат милиони долари помош секоја година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот