Двајца Срби добија петгодишна забрана за влез во Македонија – прошверцувале 2.300 штеки цигари

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба меѓу обвинителството и одбраната на двајца државјани на Србија, кои биле обвинети за криумчарење 2.300 штеки цигари со проценета вредност над 3,2 милиони денари, за што добија парична казна од по 4.000 евра и петгодишна забрана за влез во државата.

Според истрагата, на 1 октомври осомничените преку граничниот премин Блаце влегле во Македонија со товарно возило, избегнувајќи ја царинската контрола, а во приколката биле направени импровизирани бункери во кои биле скриени 2.300 штеки цигари со косовски бандероли со вредност од околу 3,22 милиони денари.

Камионот бил сопственост на фирма од Србија, а цигарите биле откриени во Скопје на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, каде што полицијата го забележала возилото.

Полицијатаа ги одзела сите криумчарени цигари, товарното возило со приколка, 1.300 евра во готово и два мобилни телефони, користени при извршувањето на делото.

По приведувањето и признанието на вината, обвинетите склучиле спогодба со обвинителството која била прифатена од суцот и им изрекол парична казна од по 4.000 евра, која мора веднаш да ја платат, како и петгодишна забрана за влез во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот