Двајца малолетници повредени откако со возилото излетале од патот во близина на Челопек

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Двајца малолетници се здобиле со тешки повреди откако со возило излетале од локалниот пат Стримница – Челопек. Сообраќајната несреќа се случила денеска околу 14 часот. Портпаролот на СВР Тетово ја потврди информацијата. Во полиција било пријавено дека патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистрации управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз, а во несреќата е повредено уште едно малолетно лице.

„Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, кој е исто така, малолетник од Стримница, се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, информираше портпаролот на СВР Тетово.

Пред два дена, малолетник од тетовското село Доброште се здоби со тешки телесни повреди откако управувајќи со четирицикл во сопственост на својот татко, изгубил контрола движејќи се по нивите и паднал. Во несреќата е повреден уште еден малолетник кој, исто така, се возел на четирициклот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот