Дуро по реваншот во Подгорица: Ова е историска победа за Струга Трим Лум

фото: F.C. Struga

Струга Трим Лум успеа да се пласира во третото квалификациско коло во Конференциската лига откако со две победи го елиминираше црногорскиот Будуќност.

Актуелниот македонски шампион за влез во плеј-офот ќе игра против Есперанж од Луксембург кој беше подобар во двомечот со велшкиот ТНС.

Синоќешната победа над Будуќност без сомнение беше историска за Струга Трим Лум, иако според тренерот Шпетим Дуро, таа е историска за целата сезона, бидејќи првично тимот што го води е шампион на Македонија, играше во финалето на Купот, дебитираше во Лигата на шампионите, а сега успеа да го помине второто коло од Конференциската лига.

Сите овие успеси опишуваат прекрасна приказна за клубот основан во 2015 година.

– Ова е историска победа, можам да кажам и дека цела оваа сезона е историска за Струга Трим Лум, откако станавме шампиони, игравме во финалето на Купот, но во исто време да поминеме и коло во европските натпреварувања. Мислам дека е историја, уште повеќе се работи за скромна екипа, каква што сме во овој случај – рече тренерот Дуро.

Потоа продолжи подетално да зборува за натпреварот во Подгорица во кој имаше седум гола, пресврт во резултатот, но и многу емоции.

– Беше тежок натпревар, како што очекувавме. Натпреварот започна лошо за нас, бидејќи примивме гол во раната фаза, но тимот најде сила, постигнувајќи многу брзо гол, а потоа го сврти резултатот. Во моментите кога мислевме дека ќе ни биде полесно во вториот дел, во последните секунди од првото полувреме го примивме израмнувачкиот гол, овој гол создаде притисок и морал кај противникот. Но, имајќи во тимот играчи од калибарот на Бесарт Ибраими, Марјан Радески, Буњамин Шабани, Бесмир Бојку, играчи кои имаат исклучителни вредности, вистински професионалци кои ја носат главната тежина на тимот, тогаш се покажа дека второто полувреме е исто така во наша корист. Бев загрижен за Ментор Мазрекај бидејќи тој одлично влезе во овој натпревар, во првите моменти, пред да се повреди, но важно е што на крајот остваривме голема победа – вели тренерот на Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот