Државниот обвинител на САД до „домашните терористи”: Да не сте помислиле на напади за време на инаугурацијата на Бајден, одговорот на државата ќе биде жесток

Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Вршителот на должноста државен обвинител на САД, Џефри Роузен ги предупреди потенцијалните „домашни терористи да не планираат нови напади додека Џо Бајден се подготвува да ја преземе претседателската функција”, затоа што одговорот на државата ќе биде соодветен, односно нема да се толерира насилство.

Во видео-снимка објавена утрово, Роузен ја повика јавноста да ги пренесе сите информации за потенцијални напади и други закани пред инаугурацијата на Бајден, појаснувајќи дека безбедносните сили се подготвуваат за можно насилство.

– Сакам да испратам јасна порака до секој што размислува за насилство, закани или други злосторства: нема да имаме толеранција за обидите за нарушување на мирното предавање на власта, вклучително и обиди за заземање владини згради. Нема да има изговори за насилство, вандализам или какво било какво незаконско дело, рече Роузен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот