Државата треба да им создаде услови на младите за да започнат бизнис

Младите денес се повеќе имаат желба да станат претприемачи, но потребни им се услови за нивната бизнис идеја да успее. Тоа е задача на државата, да создаде инфраструктура, технолошки паркови, инкубатори, финансиска поддршка, различни фондови, соодветни закони со кои лесно и брзо ќе основаат претпријатија, а од друга страна банките треба да нудат финансирања со ниски камати за старт ап бизниси, тоа ќе ги стимулира и мотивира да ја реализираат нивната идеја. Тоа го порача во интервју за МИА професорот по менаџмент и информатички технологии при Економскиот факултет во Загреб, Владимир Срича, кој е поранешен министер за наука, технологија и информатика на Хрватска.

Младите од Балканот се селат во поразвиени земји, не чувствуваат сигурност за да започнат сопствен бизнис во нивните земји, што треба да се промени за тие лица да се задржат тука?

Младите тука се препуштени сами на себе. Јас предавав во Калифорнија, ја познавам ситуацијата, таму да се биде претприемач е многу едноставно. Лесно е да се основа фирма, целото опкружување ве сака како претприемач, лесно ќе дојдете до капитал. Ако не успеете ќе добиете втора шанса. Кај нас се тоа е многу потешко. Треба да се менува менталитетот, подготвеноста на грешка. Во нашата култура често ако некој не успее веднаш му се лепи етикета, дека не е добар претприемач. Грешките се средства на учење. Мора да се знае дека зад успехот секогаш стојат многу грешки, но на грешките мора да се учи. Младите денес кај нас многу потешко доаѓаат до можности, поради атмосферата, околината, целиот менталитет, да речеме во Хрватска, претприемништвото се уште се гледа низ некоја приватизација, низ фактот дека некои луѓе таму се стекнале со големо богатство, со манипулација, со политика и така натака и поради тоа претприемништвото има некоја стигма, некој негативен став. Тоа под итно мора да се промени, треба да се разрешат сите тие проблеми, законски. Ако нешто во таа приватизација било противзаконско, неправедно, треба тоа да се заврши и да се расчисти, и потоа да се создаде едно претприемачко опкружување во кое младите претприемачи ќе се чувствуваат како да прават нешто големи, важно за општеството. Дури 95 проценти од економијата во повеќето земји од светот ги сочинуваат малите и средните претпријатија.

Прочитајте и...  Тексас: Двајца полицајци загинаа во заседа, осомничениот се самоубил

Што би му предложиле на млад човек кој има добра бизнис идеја, но нема средства да ја реализира, на кој начин да дојде до финансии?

Постојат таканаречени бизнис ангели. Тоа се веќе успешни претприемачи кои сакаат да инвестираат во идни претприемачи. Тоа е многу ефикасно, од една страна луѓето од тоа заработуваат, а од друга страна го надоместуваат она што државата и банката не го препознале. Хрватска моментално има предност поради европските фондови кои го поттикнуваат развојот на претприемништвото, се надевам дека наскоро и Северна Македонија ќе ги започне преговорите за членство во Унијата.

Што е клучно за успех во претприемништвото?

Најлесно денес е да се успее таму каде што ќе се употреби најмногу знаење и некои нови идеи кои се оргинални. Јас обично ги советувам претприемачите, замисли си кој производ, која услуга би ја сакал, а ја нема, или е лоша, тоа е сјајна почетна точка. Јас најголемо искуство имам во информатиката. Помагам во започнување на такви пооекти. Моите студенти направија многу успешни иновации во регионот, како смс-паркинг, што беше единствено решение од тој тип. Како професор, сакам да ги натерам да размислуваат како претприемачи, да замислат претприемачки потфат.

Прочитајте и...  Македонија лидер во регионот по употреба на платежни картички

Дали сметате дека треба поголема соработка на земјите од Западен Балкан?

Тука има еден голем потенцијал. Пред се има многу паментни и способни луѓе. Имаме традиција на соработка и комуникација, а денес еден од клучните извори на успех е синергија. Мислам дека регионот може да направи многу повеќе отколку што направи досега. Ние имаме традиција, живеевме во иста држава, се познаваме, постојат врски, културата ни е слична, навиките ни се слични и фактот дека сега сме расцепени во мали држави всушност го ослабна потенцијалот на таа синергија. Сметам дека тие здружувања се многу важни и дека треба да се надминат некои работи. Да речеме ние имаме политичка напнатост меѓу Хрватска и Србија, меѓу делови од Босна и Херцеговина и Хрватска и Србија. Тоа треба да се надмине. Тие напнатости се целосно бесмислени. Треба да се соработува. Денес се клучни синергијата, стратегијата, заедништвото, соработката. Пред се, тоа е задача на политичарите, да созадат атмосфера во која таквото вмрежување е пожелно, потребно и потпомогнато со закони за финансиски мерки. Треба секогаш да се смета дека нешто ќе успее кога ќе се создадат добри услови. И парите, и културата и атмосферата и подготвеност да учат едни од други. Затоа и служи овој Светски конгрес на претприемачи, каде што сум гостин, всушност за спојување на оние кои имаат заеднички интереси, а особено да послужи како катализатор на младите луѓе.

Прочитајте и...  Во Косово 203 новозаразени со коронавирусот, починале четири лица

Прочитај повеќе

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Слободен печат

Троцифрени бројки на заразени од коронавирус, најмногу случаи во скопски Чаир

Слободен печат

Денеска гласаат лицата позитивни на Ковид-19 и во самоизолација, на овие избори нема да се спроведува гласање во дијаспората

Слободен печат

Сончево со умерена облачност и температура до 31 степен

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Светот допрва ќе ги осети последиците од короната: Вниманието е на вирусот, а демнее опасност за која никој не збори

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Протестите во Србија продолжуваат шести ден по ред

Слободен печат

Богојески: Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување

Слободен печат

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Слободен печат

Хоти: Приштина во дијалогот со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање

Слободен печат

Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Слободен печат

Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Слободен печат