Дресот на Марадона со кој постигна гол со рака продаден за рекордна сума

Диего Марадона во 1986 година ја освои светската титула со Аргентина/фото: EPA-EFE/EFE

Претходниот рекорд за едно парче спортска опрема беше 5,64 милиони долари за дресот на Бејб Рут од Њујорк Јенкис (бејзбол), тоа се случи во 2019 година.

Дресот што го носеше Диего Армандо Марадона кога за Аргентина го постигна контроверзниот гол „Божја рака“ против Англија на Светското првенство во Мексико во 1986 година, денеска е продаден за 9,3 милиони долари, што е највисоката цена досега за една спортска опрема.

Аукционерот Сотеби го продаде дресот на онлајн аукција која денеска беше затворена, а идентитетот на купувачот не е откриен. Марадона постигна два гола против Англија, во четвртфиналето на Светското првенство на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити.

Марадона го постигна првиот гол со рака, но судијата не го виде тоа и го призна голот. По мечот Диего изјави дека голот е постигнат „малку со глава на Марадона, а малку со божја рака“.

Вториот гол на Марадона на тој натпревар, кога го надигра речиси целиот англиски тим и го победи голманот Питер Шилтон, во анкетата на ФИФА беше прогласен за „гол на векот“ во 2022 година.

По натпреварот, Марадона го замени дресот со англискиот играч за врска Стив Хоџ, кој долгорочно го позајми на англискиот национален фудбалски музеј во Манчестер, пред да го стави на аукција.

Марадона, кој според многумина е најдобриот играч на сите времиња, се бореше со злоупотреба на кокаин и почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст.

Претходниот рекорд за едно парче спортска опрема беше 5,64 милиони долари за дресот на Бејби Рут од Њујорк Јенкис, а во продажба беше постигнат во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот