Драматична приказна на фамилија од Гуча која за МАЛКУ ЌЕ НАСТРАДАЛА во поплавите
Не разбирајќи ја сериозноста на ситуацијата која се заканувала на неговата фамилија, Драган Милинковиќ од Гуча, чија куќа се наоѓа на десетина метри од Бјелица, вчера се обиде да го одбрани своето домаќинство од поплава, а на крај тој, неговата мајка и девојка едвај спасиле жива глава пренесува српски “Блиц“.
Тие успеале да се спасат со помош на пожарникари, бидејќи надојдената река после поплавата што вчера ги зафатило некои делови на Србија им го урнала ѕидот на куќата и влегла во собите.
– Кога надојде Бјелица почна да продира во дворот и пробав продорот на вода да го спречам со столица. Меѓутоа, водата не однесе и мене и столот. Побегнав во куќата, едвај стигнав, а реката го опколуваше мојот дом – изјави за “Блиц“, Драган Милинковиќ.
Тој, мајка му и девојката, според неговата приказна, влегле во една од собите очекувајќи дека реката ќе се повлече. Но, тие се излажале. После само неколку минути, водата како играчка го скршила еден од ѕидовите во куќата и навлегла внатре.