Драма во Германија: Автомобил удри во група луѓе, 12-годишно момче загина

Фото: Илустрација/EPA

Едно 12-годишно момче загина, а неколку лица се повредени кога автомобил денеска удри во група луѓе во градот Кемпен во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Главната детективка од полициската управа во областа Фирзен, Антје Хејманс за „Билд” изјави дека засега нема докази дека возачот намерно удрил во луѓето.

До несреќата дошло кога возачот, Германец од Кемпен, од непозната причина околу 16:35 часот излетал од пат и удрил во група луѓе на тротоарот и на велосипедска патека.

Мајката на повреденото момче (39) и друг пешак (43) се тешко повредени во несреќата и со хеликоптер се пренесени во болница.

Според полицијата, возачот и уште едно двегодишно момче се здобиле со полесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот